ВИДЕО: Владо Јаневски - деца имам, ама не сум ги растел

Еден од најпознатите македонски пејачи, прв пат по цели 15 години, Владо Јаневски има многу прашања за одговарање. Зошто го немаше толку време, која е причината поради која ги игнорираше медиумите, што му се случува во љубовниот живот, за кого е напишана „Од овој ден“, која песна го расплакува, за неговите вонбрачни деца и уште многу, многу интересни детали од животот на македонскиот омилен пејач, за кои откри се во Еден на еден.

Погледнете накратко дел од разговорот помеѓу Жаре и чаирскиот романтичар:

ВИДЕО:Јапонки ги пеат „Македонско девојче” и „Каранфило филфило“

Македонската народна песна и ора се едни од најубавите во светот. За народите е предизвик да ги научат да ги играат и интерпретираат.

Тоа од рака им пошло на луѓето од земјата на сонцето.

На социјалните мрежи се раширија видеа од настап на јапонски ансамбл, кој верувале или не, негува македонска песна и ора.

“Македонско девојче” и “Каранфило филфило” ги пеат како да ги научиле од раѓање.

Погледнете во продолжение:

Тамара го откачи менаџерот Васко Горила

Поп-пејачката Тамара Тодевска ја прекина соработката со нејзиниот менаџер Васко Павлевски од „Горила продукција“. Таа револтирана јавно го откачи на својот фејсбук-профил.

-Морам да ви соопштам дека повеќе не работам со дотичниот Васко Павлевски, и дека после долга борба и со надеж дека нешто таму ќе се промени. Тоа излезе невозможна мисија. Повторно тие од коишто живее, ги остава на цедило за да може прво своите проблеми да си ги реши. Од сега ќе ве замолам за што било да ме барате лично мене, додека не се најде некој чесен нормален човек со кој би можела да функционирам во иднина, напишала Тамара.

Таа ги предупреди и остананите, вели, малкумината нејзини колеги кои останаа да работат со него, да отворат 16 очи, оти „се работи за човек без тронка совест“, додава поп-пејачката.

„Прв пат споделувам било што за него“: Хелена Роза откри како го славела Св. Валентин со Тоше Проески!

На вчерашниот ден 14-ти февруари, сè беше во знакот на виното и љубовта.

Од понуди за брак, романтични вечери, статуси и фотографии ги преплавија социјалните мрежи.

И поранешната ТВ водителка Хелена Роза посвети симболичен статус на својот Фејсбук по повод денот на вљубените, но наместо за сегашноста, таа го посвети на минатото, односно на моменти на кои ќе се сеќава целиот живот.

Имено, таа својата приказна му ја посвети на Тоше Проески и за прв пат пред јавноста откри како пред една ипол деценија тој и се јавил со понуда да слават заедно, но  да ја консумираат љубовта само како пријатели:

Беше точно прес 15 години на 14-ти февруари… заѕвони мојот домашен телефон. Ало… Здраво Лени што правиш? – овде Тоше. Вечер одиме во Александар Палас, сестра ти Ребека со Мики, Љиља со некој бизнис партнер од Космофон…а јас сум сам.. Андријана Будумир ми е во карантин, па сакав да те прашам дали ќе ми бидеш ти мојот партнер за Валентиново? Секако дека прифатив. Бевме на убава вечера сите заедно во палас, кога испаднавме околу 11 часот пред хотелот имаше стотина обожавателки на Тоше кои го опсипаа со мечиња, ружи и бакнежи. Да, јас имав привилегија да ја славам љубовта и виното со нашиот Тоше Проески. Инаку, ова е прв пат да споделам било што во врска со Тоше… не знам така ми дојде… и така направив. П.с испаднавме само како пријатели, само ја славевме љубовта не ја консумиравме да не бидам погрешно разбрана од некого, откри Хелена.

Популарно