(ВИДЕО) Во солзи мајката на Јелена кога го здогледа зетот Зоран му падна на гради

thumb460_88868_capture-20160406-154839-48923

Целото утро било мирно пред куќата на Марјановиќ, но во еден момен излезе Зоран. Тој заминал да ја види својата ќерка Јана (5) која инаку е сместена кај нејзината баба, мајката на Јелена. Тоа беше првата средба после трагедијата бидејќи Зоран мина 48 часа во полициската станица од каде што беше пуштен вчера во 19 часот.

88868_capture-20160406-154940

Полиција за време на целата ноќ дежурала пред куќата на Марјановиќ.

Недалеку од семејната куќа во Борча се појави некролог за Јелена, каде стои дека погребот ќе биде во четврток во 14 часот на гробиштата Збег.

Како што наведуваат криминилозите, убиецот имал помагач затоа што е тешко да се побегне, без никој да го чуе и види.

88868_capture-20160406-154913

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно