Непосредно откако го продолжи договорот со Бешикташ, српскиот дефанзивец, Душко Тошиќ не се потруди баш да ја оправда довербата која ја доби.
Српскиот репрезентативец направи голема глупост на градското дерби против Фенербахче. Поточно, испадна многу наивен и се повика на провокациите од Робин Ван Перси.
Холанѓанецот го предизвика Тошиќ,па српскиот репрезентативец по својата реакција заработи исклучување во 43. минута од мечот.
А, еве за што се работеше.
Имено,двајцата фудбалери стоеа еден покрај друг и почнаа да се буткаат. Паднаа истовремено на земја поради што мечот беше прекинат. Кој кого удри и не може баш јасно да се види на снимката, но по рекацијата на Тошиќ изгледа дека Холанѓанецот претерал со своето неспортско однесување.
Меѓутоа, Србинот реагираше импулсивно, се доближи кон Ван Перси и беше подготвен да го удри со глава Не го удри, само го допре со носот, а Ван Перси падна како да доби фатален удар. Прекрасна глума, на која арбитарот наседна, па го исклучи веднаш Тошиќ од игра.
Но, тоа не беше се. Холанѓанецот пред исклучувањето дополнително го испровоцира плазејќи се со јазикот, по што соиграчите на Тошиќ одвај го спречија фаталниот двобој.
Превземено од sportclub.mk