Портланд осамна под снежна покривка по обилните врнежи од снег.
Снежното невреме го отежнаа сообраќајот.
Така еден автомобил остана заглавен на железничка пруга.
Форд мустангот се обидуваше да излезе од снегот, но кога тоа стана невозможно, храбрите возачи од блиската околина се собраа и веднаш му помогнаа.
Возачот имал вистинска среќа бидејќи само по неколку секунди оттука пројде возот.