ВИДЕО: Забранет град среде Босна: Босанците не смеат да влезат таму, Арапите не сакаат да ги видат

Изградбата на оваа населба започнала во 2013 година и цената на трошоците изнесувала 25 милиони евра.

Туристичката – резиденцијална населба „Сараево Ресорт“ Осеник во општината Хаџичи е отворена минатата година, но тогаш немало збор за тоа дали за време на летната сезона ќе им биде забранет влезот на граѓаните на БиХ.

01-arapski-grad-vo-bih

Медиумите од Босна тогаш пишуваа дека станува збор за наменски проектирана населба која ќе може да овозможи сместување за 1.125 туристи. Вкупната површина на населбата изнесува 160.000 квадратни метри со вештачко езеро со површина од 12.000 квадратни метри околу кое се распоредени 160 објекти.

02-arapski-grad-vo-bih

Изградени се два покриени базени, хотел, ресторани, спортски терени, супермаркет, како и многу други придружни објекти.

„Сараево Ресорт“ е оаза за гостите од Блискиот исток кои во близина на олимписките планини Бјелашница и Игман, како и главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, ќе пронајдат мир и уживање во летните месеци.

03-arapski-grad-vo-bih

Порталот “Biznisinfo.ba” пишува дека ова е првиот „арапски град“ во БиХ, а чии сопственици на сите куќи се Арапи и дека за време на летните туристички сезони во него им е забранет влезот на Босанците и другите туристи.

Според овој портал, ова е првата населба од затворен тип оградена со висока ограда, посебен влез и приватно обезбедување. Повеќето куќи се веќе продадени, а купците се исклучиво Арапи.

04-arapski-grad-vo-bih

За време на летото градот е полн со Арапи и само оние кои работат таму, а кои се граѓани на БиХ, можат да влезат внатре. Така ќе биде и следното лето.

„Сопственици на куќите се Арапи и тие не сакаат да се мешаат со локалното население. Имаат свои обичаи и навики кога станува збор за облекувањето, однесувањето, за молитвите... И сакаат никој да не им се меша во тоа и чудно да ги гледа“, вели анонимен соговорник за “Biznisinfo.ba”.

Изворот на порталот вели дека поради тоа оваа населба е идеална за нив, бидејќи таму можат да се чувствуваат како дома, а во исто време да бидат опкружени со вода и зеленило. Тука ќе ги поминуваат летните месеци во пријатна клима, а потоа ќе се вратат во своите домови.

Анонимниот соговорник истакнал дека куќите се продавани по 150 до 160 илјади евра, а не ни биле нудени на продажба и рекламирани на пазарот на БиХ, но дека биле нудени во Кувајт, од каде што е сопственикот.

Изградбата на оваа населба започнала во 2013 година и цената на трошоците изнесувала 25 милиони евра. Отворена е минатата година, но неговата експанзија продолжува.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно