ВМРО-ДПМНЕ најде партнер за формирање на новата Влада

ВМРО-ДПМНЕ најде партнер за формирање на новата Влада. Во новиот мандат и во Собранието на Република Македонија, како и во новата коалициска влада, партиите ќе се фокусираат на економијата, која ќе биде приоритет, како и на евроинтеграциите. Двете партии ќе формираат мешовита група која ќе ги набљудува сите институции и ќе им помага

Vlada

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како партии кои ја добија најголемата доверба на граѓаните, одлучија да формираат ново парламентарно мнозинство, соопштија пред малку во заедничко соопштение двете партии. Во новиот мандат и во Собранието на Република Македонија, како и во новата коалициска влада, партиите ќе се фокусираат на економијата, која ќе биде приоритет, како и на евроинтеграциите. Двете партии ќе формираат мешовита група која ќе ги набљудува сите институции и ќе им помага.

„Партиите, согласно своите програмски определби и изборни ветувања одлучија главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции. Оттука ќе се формира и заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, поддршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес. Економските ресори во владата, советот и соодветните владини институции ке работат со засилена динамика на зацртаните економски цели, се вели во соопштението.

Според двете партии, во периодот кој следи, а согласно програмските и утврдените постулати, особено до самитот на НАТО и Министерскиот совет на ЕУ, претставниците на оваа работна група ќе ги информираат редовно партиите за постигнатите резултати, и спроведените чекори, мерки и реформи на основа на што тие ќе одлучат за понатамошните чекори и постапки на  партиите кои ја сочинуваат владата“, се вели во соопштението.

Ресорите во Владата уште не се договорени.

„Преговарачките групи на двете партии продолжуваат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои ќе функционираат партнерите во владата како и за поделба на ресорите. Партиите при договарањето на оваа коалиција пред се ги имаа интересот на граѓаните за овие прашања, како и контекстот на времето и моментот во кој се наоѓа Република Македонија, регионот но и пошироко“, стои во соопштението.

(ФОТО) Кукли со кармин и цуцла, а под розовата облека пенис

Пазарот е препавен со секакви играчки за деца, бебиња со рази бебешки додатоци има во речиси секоја продавница за играчки или едноставно џиџимиџарница, но кукла како оваа, подарена за кршетевка на девојче од Ниш. Спакувана, куклата изгледа како и секоја друга, но кога ја отпакувале, родителите виделе дека под цуцлата се кријат усни си црвен кармин, а под розовата облека пенис.

Куклата има женско име, розовоа облека и сѐ  алудира на тоа дека се работи за бебе-девојче.

Од продавницата не сакале да го окријат потеклото на овие кукли, а засега не се пријавени кукли со ваков „фелер“ на нашит пазар.

Внимавајте: Нова измама кружи на Фејсбук

Започна да кружи нова Фејсбук измама при што главна цел се информациите кои ги крие вашиот профил.

Измамата се состои во тоа што најпрво добивате порака во која пишува дека вашиот Фејсбук профил е исклучен поради вознемирување на други корисници и доколку повторно сакате да го активирате ви предлагаат да  кликнете на линкот кој што ви се испратен.

Со кликнувањето на линкот кој што ви е испратен од вас се бара да внесете податоци, вклучувајќи го вашиот датум на раѓање. Немојте тоа да го правите, бидејќи на напаѓачите ќе им ги откриете вашите податоци.

Вашиот Фејсбук профил не е деактивиран, не грижете се и затоа заобиколете ја пораката, избришете ја или означете ја како спам и предупредете ги другите преку Фејсбук.

(ФОТО/ВИДЕО) НЕМАЛО ПОПАМЕТНА МИСИЦА ОД НЕА: Мис САД ќе ве остави подзинати и со убавината и со интелигенцијата

Кара има диплома по нуклеарна хемија и работи за Американската нуклеарна регулаторна комисија. Ќе ве изненади кога ќе ја чуете како зборува и со својот говор се издвојува од сите мисици кои сте ги чуле.

Кара Меколоу од Колумбија е новата Мис на Соединетите Американски Држави. Оваа 25-годишна девојка се разликува од сите мисици кои сте ги виделе досега не по убавината, тие секако сите се преубави жени, туку со нешто друго.

Кара има диплома по нуклеарна хемија и работи за Американската нуклеарна регулаторна комисија. Ќе ве изненади кога ќе ја чуете како зборува и со својот говор се издвојува од сите мисици кои сте ги чуле.

Во натпреварот за убавина, кој се одржа во конвенцискиот центар Манделеј Беј во Лас Вегас. таа победи во „трката“ за убавина  меѓу 50 преубави жени.

Меколоу ја освои публиката со конзервативните одговори на прашањата поврзани со политика и со фактот дека не ја исправа природно витканата коса.

Таа рече дека медицинската нега е „привилегија, а не право на секој човек“ и додаде дека за неа зборот „феминизам“ треба да се замени со „еднаквост“ бидејќи смета дека жените и мажите се еднакви кога станува збор за барање работно место во која било сфера.

Меколоу ја освои публиката со конзервативните одговори на прашањата поврзани со политика и со фактот дека не ја исправа природно витканата коса.

Прва придружничка е Мис Њу Џерси, а втора Мис Минесота.

Популарно