Во пожар во скопска Кисела Вода загина жена

Утринава околу 6 часот избил пожар во општината Кисела Вода, на улицата Вера Јоциќ во станбена зграда, информира командантот Ѕвонко Томевски.

Пожарот избил во подрумски простории на објектот адаптирани за живеење на едно лице. Пожарот настанал од уред за греење. Лицето кое било во просториите не успеало да излезе и за жал се задушило. Со 4 противпожарни возила и 12 пожарникари, пожарот е локализиран - изјави Томевски.

ФОТО: Автомобилот на пола, ја леди крвта

Страшна сообраќајка денеска ја зави Македонија во црно, откако згасна млад живот во Штип.

Според податоците, околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од 21-годишната Б.Т. од Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката, 21-годишната В.Г. од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

ФОТО: Луксузно БМВ сруши семафор во Скопје

Луксузно БМВ синоќа на дождот се заби во семафор на булеварот Теодосиј Гологанов и го сруши.

Идентитетот на БМВето не е познат, а извесно време сообраќајот беше запрен во едната лента на булеварот.

Матурант прегази деветгодишно дете, почина на лице место

Голема трагедија ја потресе Хрватска, кога деветгодишно момче беше прегазено од матурант и почина на лице место.

Директорката на училиштето ја потврдила веста и изразила сочувство до родителите на детето.

Таткото на детето напиша: Мојот син е сега со ангелите. Со оваа објава го растажи регионот.

Малото момче се викало Патрик.

Популарно