Вонредна состојба во Словенија заради голомразица, повеќе стотици повредени

Објавено на 01 февруари 2017, 21:44

СПОДЕЛИ:


Несреќите заради замрзнатите улици и тротоари предизвикано од ниските температури, минатите неколку дена доведоа до вонредна состојба во Словенија, а само во Љубљана во вторник и среда лекарска помош побарале 420 луѓе.

Најчести повреди се скршеници, а заради пренатрупаноста во болниците, пациентите мораат да чекаат на операција.

Заради голомразицата е откажана наставата во едно основно училиште заради неговата местоположба.

Словенечките метеоролози за неделава најавуваат повисоки температури и дожд, но предупредуваат дека следната недела повторно е можен снег и температури значително под нулата.

СПОДЕЛИ: