ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимка од тоа како е прегазен Милан Шкеровиќ

Од последица на газењето со автомобил на 1 ноември, Милан Шкеровиќ од Бара почина на 10 ноември во Клиничкиот центар во Црна Гора, а истиот ден е објавено вознемирувачкото видео кое го забележаа безбедносните камери.

gazenje-620x350

Имено, по расправијата и тепачката Шкеровиќ во близина на локалот „Барка“ и „Амфор“ на очигледно голем број на минувачи намерно беше прегазен Баранин Милан Пуповиќ.

Овој страшен инцидент со кобни последици беше резултат на тепачката во која учествуваа уште неколкумина претходно.

Безбедносните камери го забележаа и моментот кога Пуповиќ го гази Шкоровиќ, кој со тешки повреди е префрлен во болница каде паднал во кома по што и починал.

И двајцата учесници во полициската евиденција се водат како безбедносно интересантни личности.

Пуповиќ побегнал на лице место, но полицијата го открила и уапсила.

Видеото од редакцијата Вјести.ме погледнете ја овде:

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно