За една година од платата купив стан и автомобил!

Од 2012 година живеам во Драмен бидејќи добив постојана работа како медицинска сестра. Од животот овде сум презадоволна, изјавил аза српски Телеграф Србинката која работи како медицинска сестра во Норвешка...

272080-za-edna-godina-od-platata-kupiv-stan-i-avtomobil

Бранка Мириќ која по занимање е медицинска сестра во 2010 година се преселила во Норвешка и моментално работи во една здравствена установа во одделот за здравствена нега. Таа воедно станала и инструктор за курсеви преку кои треба да се процени состојбата на пациентите, а од неодамна е предложена и за претставник на клиниката.

Според нејзините зборови, голема е разликата помеѓу медицинските сестри во Србија и оние во Норвешка бидејќи оваа професија во странство е ценета и од нив се очекува да дадат придонес во лекувањето на пациентот, при тоа да предложат  постапки на лечење, рехабилитација и да го следат дејството на терапија.

-За час добив лиценца за медицинска сестра бидејќи имам високо образование и специјализација. Норвешкиот јазик го научив во Белград а работата ја добив преку едно биро за вработување. Првичниот договор ми беше на две години. Работев во три различни институции, вели Бранка при тоа додавајќи дека од 2012 година живее во Драмен бидејќи добила постојана работа како медицинска сестра.

Таа е презадоволна од фактот дека за две години успеала да купи стан и автомобил, при тоа да си дозволи сите потребни работи за лежерно секојдневие од една плата. Бранка го посетува Белград неколку пати годишно, а и вели дека може да си дозволи и други патувања.

-Мислам дека ова е доволна причина да ја напуштите Србија, бидејќи медицинските сестри во мојата родна земја не можат да преживеат. А ниту пак ќе имаат пари да ги школуваат своите деца, додала таа.

Како што вели, никогаш не помислила дека ќе дојде тој момент кога ќе мора да ја напушти својата родна земја.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно