За три месеци заштедил 1000 евра со систем на три коверти

Белграѓанин на возраст од 31 година, кој работи во администрација на градежна фирма и зема плата од 42.000 динари, за три месеци заштедил 1000 евра преку систем на три коверти.

Иако ова изгледа, невозможно, сепак овој млад човек сака да остане анонимен и за српски Блиц раскажува како му успева да заштеди.

Тој до пред некој месец бил невработен и немал приходи.

„Почнав да работам во септември. Платата ми е 42.000 денари, ја земам на рака во два дела“ - раскажува и вели дека заштедил благодарение на помошта од родителите.

Белграѓанинот вели дека со некои трикови за штедење може да се собере одредена сума на пари.

Вели дека што ќе земе плата, купува евра и заборава на нив.

Пола од парите ги претворал во евра, ги ставал во коверт и не ги трошел.

Во друг коверт чува по 1000 до 2000 динари. Од тие пари зема за дневни потреби.

Кога се излегува од дома, вели дека не треба да се носат многу пари и да се има одредена дисциплина како се троши.

Советува да не се пушат цигари и тие пари кои се трошеле за цигари да се ставаат во коверт.

Младиот граѓанин од Белград раскажува дека ретко оди во кафулиња, а во ресторани руча неколку пати годишно.

Тој објаснува дека секое знаење треба да се претвори во пари, и затоа во слободно време држи часови по англиски јазик.

Од друга страна вели дека често оди на ручек кај родителите и на тој начин успева да ги намали своите расходи.

Цените годинава во Грција ќе бидат повторно поскапени

Туристичко-угостителската комора на Македонија (ТУК) пред почетокот на летната сезона оцени дека дел од аранжманите за летување се продадени, поради попустот за предвремена резервација. Сепак, поголем дел од аранжманите се очекува да се продадат во претстојниот период.

„Како резултат на случувањата и неизвесноста поголем дел од граѓаните се уште не се одлучиле каде ќе летуваат годинава и термините за одмор ги добиваат подоцна во текот на сезоната. Туристичката понуда за оваа летна сезона е различна, од вообичаените аранжмани за Грција, Турција, па се до понуди за Азурниот брег, Шпанија, Малдиви, Сејшели, Маурициус, Бали, Куба и останати поегзотични и нетрадиционални дестинации. Најбарани се аранжманите за Грција и Турција,“ вели Аркан Керим, претседател на Туристичко – угостителската комора при Сојузот на стопански комори (ССК).

Од ТУК очекуваат дека поради близината и атрактивноста, Грција и годинава да биде најпосетена дестинација за македонските туристи, но велат дека има мало зголемување на цените.

Посебно оваа година, заради цената, атрактивни се понудите за одмор во Египет и Тунис и за младите, дестинации како Крит и Родос.

Според ТУК, годинешната летна туристичка сезона, согласно првичните проценки кои се направени и покрај влијанието на политичката криза и воздржаноста на граѓаните како резултат на неизвеснота, очекуваат да биде успешна со стабилизацијата на пазарот.

Од таму порачуваат, граѓаните да патуваат со етаблирани туристички агенции добро да се разгледаат аранжманите за да не се најдат во ситуација кога се изманипулирани и не ги добиле услугите кои претходно им биле ветени.

Извор: МЕТА

ОГЛАС за работа: 10 слободни места во ЕВН - не ви треба факултетска диплома

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 

10 ЕЛЕКТРОМОНТЕРИ (М/Ж) на територијата на Р. Македонија

Опис на работните задачи

Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа

Отчитување на податоци од броила

Контрола на приклучоци и мерни места

Замена на броила на корисници

Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација

Помош при отстранување дефекти

Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и мерни уреди 

Потребни квалификации и лични карактеристики

IV степен електротехничко образование – енергетика

Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност

Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност

Возачка дозвола,

Одговорност, лојалност, тимска работа

Комуникативност, флексибилност

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [email protected] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 20.05.2017.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

 Активен до: 20.05.2017

Убаво намалување: Не ставајте безин/нафта до полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари, а цената на дизел горивата се намалува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 6,71, односно 4,38 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ-V) ќе се продава за 49, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,145 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,252 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,45 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,2 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Популарно