Загреб ја доби првата „паметна“ клупа (ФОТО)

Пред зградата на Рекоратот на Универзитетот во Загреб вчера е поставена првата „паметна“ соларна клупа, чија цел, меѓу другото, треба да биде поттикнување на поголемо користење на зелени и еколошки одржливи технологии, објавија денеска хрватските медиуми.

Според најавите, по оваа, пред отворањето на Европските универзитетски игри во јули, пред Филозофскиот факултет во Загреб ќе биде поставена и втора „смарт клупа“.

Postavljena prva solarna klupa u Gradu Zagrebu

Соларната клупа е иновативен проект на младиот студент од Факлултетот за елетротехника, машинство и бродоградба при, Универзитетот во Сплит, Иван Мрвош.

Освен за одмор, клупата служи и за полнење мобилни телефони или таблети, има хотспот за интернет, сензори за мерење на квалитет на воздухот, но и за собирање други податоци кои се јавно достапни, како јачината на бучавата или температурата на воздухот.

Во текот на ноќта, клупата служи како јавно осветлување, а има бројач на минувачи.

– Таа може да работи десет дена без сонце и отпорна е на удари, рече Мрвош.

Тој истакнува дека би сакал да постави уште 20 клупи во Загреб и 500 ширум во светот во текот на оваа година и уште неколку илјади други во текот на 2017.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно