Заљубениот Македонец не се откажува: По настапот во Гранд, за неговата поранешна девојка направи уште една луда работа

Иако од прикажувањето на емисијата Ѕвездите на Гранд поминаа само неколку дена, бурата околу настапот на заљубениот Македонец Александар Стевановски ни малку не стивнува. Неговото појавување предизвикало бура на реакции, а многумина неговиот настап го прогласиле како најлуд од кога постојат Ѕвездите на Гранд. Иако поранешната девојка се уште не му се јавила, премиерно за Екслузива.ба открил што направил сега.

Александар во намера да ја врати поранешната девојка Бојана отиде чекор напред. Откако се обиде да ја врати пред милионскиот аудиториум, па тоа не му појде од рака, младиот пејач пронајде начин да ја искаже својата љубов. Имено, во разговоорт за Екслузива.ба, Александар открил како на поранешната девојка и компонирал песна. Тексото и мзуиката ги направил тој, а првите ракции биле одлични.

- Мислењата се поделени. Онака.. Се уште ништо не знам за неа. Многу би сакал да слушнам како реагирала. Објавив песна за неа, открил Александар.

Во продолжение слушнете ја песната која ја посветил за неговата Бојана.

СПРОТИВНОСТИТЕ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ: Овие карактеристики се пресудни за ДОЛГОВЕЧНА ЉУБОВ

Дали некогаш сте се запрашале зошто мажите и жените со различни карактеристики толку многу се привлекуваат?

Еве неколку причини кои ќе ви одговорат на тоа прашање:

Уживаат да бидат поинакви еден од друг

Спротивностите се привлекуваат бидејќи луѓето сакаат да бидат поинакви од својот партнер. Доколку запознаете човек кој има исти интереси, личност и однесување како вас, вашата врска по некое време може да стане досадна.

Интерес за партнерот

Вашата радозналост ќе биде скокотната ако запознаете маж со интересни карактеристики на кои до тогаш не се наишле. Сигурно ќе сакате подобро да го зпознаете. Особено ако карактеристиките со тотална спротивност од вас.

Врската добива нова перспектива

Кога спротивностите се привлекуваат тие формираат различни комбинации на вештини, ставови и перпективи. Можеби вас ве привлекува маж кој размислува да стори нешто што вам никогаш не би ви паднало на памет. Спротивностите се привлекуваат бидејќи паровите сакаат разноврсност и нова перпектива која врската ја добива, токму поради тие различни карактеристики.

Партнерот ве инспирира токму поради тоа што е поинаков од вас

Една од причините зошто спротивностите се привлекуваат е воодушевувањето кон особините на партнерот кои самите не ги поседувате. Паровите се чувствуваат усполнето во друштво на партнер кој се воодушевува.

Природно однесување

Експертите тврдат дека привлечноста на спротивностите е пример на природно однесување. Исто така наведуваат дека женте можат да привлечат момци со имунолошки систем сосема поинаков од нивниот. Тоа е веројатно причина зошто добрите девојки во суштина привлекуваат лоши момци.

Се дополнуваат еден со друг

Никој на светот не е совршен. Меѓутоа, двајца луже, како пар можат да формираат солидна основа на карактеристики кои им помагаат да ги надополнат меѓусебните недостатоци. На пример, доколку сте интровертна личност, веројатно ќе ве привлече некој кој е слободен и опуштен за да ви помогне и вие да бидете.

На паровите им е полесно да минат повеќе време заедно

Доколку интересот и страста на вашето момче е поинакво од вашите, веројатно ќе имате многу за што да разговарате, а со самото тоа и повеќе време ќе минувате заедно.

Колку чини опрацијата за враќање на невиноста во Македонија?

Хирушката интервенција за враќање на невиноста трае само 15 минути и е достапна во Македонија и тоа на неколку клиики, а истата чини од 500 до 700 евра.

hitportal-nevinost

Тоа е особено изразено во западниот дел од земјава, најчесто во Тетово, Гостивар, Кичево, а се разбира бројката е голема и во Скопје. Исто така, има и пациенти од соседните земји кои доаѓаат на нашите клиники да ја направат оваа „реконструкција“.

Станува збор за зашивање на хименот, односно тоа е реконструктивен хируршки зафат на хименот познат под називот хименопластика, а се изведува со цел искинатите рабови на хименот – девичникот повторно да се соединат. Доколку хименопластиката се изведе коректно и не биде проследена со компликации, макроскопски хименот е повторно интактен без видливи оштетувања и лузни.

Од една позната гинеколошко-акушерската клиника од Скопје велат дека се работи за мошне едноставна и краткотрајна интервенција.

- Овој хируршки зафат се изведува со локална анестезија. Се користат ресорптивни конци за да се реконектира хименалната мембрана и обично за тоа се потребни околу 20 минути, а потоа пациентката е слободна. Но, како и секоја хируршка интервенција, така и при оваа има ризици од потенцијални можни компликации.

- Треба да се земе предвид дека постинтервенциски се можни инфекции и попуштање на конците, за што пациентката мора да биде претходно информирана и согласна – објаснува познат скопски гинеколог.

Вакви интервенции се изведуваат и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оттаму велат дека најчести индикации за хименопластика се: социолошки, религиозни и лично емотивни.

- Старосната граница може да биде варијабилна и нема никаква поврзаност со тоа дали пациентката има родено или не. Доколку станува збор за малолетно лице, како и за секоја интервенција, неопходна е согласност од двајцата родители – вели д-р Мирослав Темелковски, специјалист по гинекологија и акушерство од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Во Македонија ова сè уште е табу-тема. Ретко може да најдете девојка што јавно ќе зборува на оваа тема. На форумите можат да се сретнат различни мислења. Едни велат дека тоа е глупост, некои се плашат да го направат тоа, додека пак има и такви што првпат слушаат дека такво нешто постои.

Во Босна и Херцеговина секоја трета интервенција е бесплатна. Во Тузла постои центар за пластична хирургија кој го води доктор Златко Берберовиќ. Тој вели дека има случаи кога девојките ја изгубиле невиноста при силување, па на тој начин сакаат да го заборават ужасот низ кои поминале. Тој додава дека некои девојки на овој начин сакале да ги изненадат своите партнер за Денот на вљубените или за прославите на годишнина од брак или врска. Во Америка пациентките се решаваат на оваа процедура на 40-50 години на барање на партнерите за да прослават годишнина од бракот или некој значаен настан.

Овој тренд е особено актуелен во Турција. Проститутка си ја вратила невиноста дури 431 пат поради тоа што шеиците, кои ѝ биле најчести клиенти, давале големи суми само за да бидат првите што ќе ѝ ја одземат невиноста, па макар и на проститука.

Како да препознаеш дека ти глуми оргазам?

Сите жени на светот барем еднаш во животот изглумеле барем еден оргазам. Некои од нив ги глумат сите.За глумење на оргазам кај жената постојат најчесто две причини.

Првата е за да му овозможат на мажот да се чувствува добро за себе бидејќи и го пружил тоа задоволсто (иако не успеал во тоа) бидејќи многу мажи велат дека не се среќни и задовол(е)ни додека и партнерката не доживее оргазам.

Втората причина е дека едноставно на жената и е доста од се и сака што побрзо да заврши со тоа. Една од причините која никогаш нема да ја разберат мажите е онаа дека типичната жена не влегува во сексуален однос само за да доживее орагазам, туку таа ужива во блискоста, допирите и стратста исто толку колку што мажот ужива во огразамот.

Многу жени тешко достигнуваат оргазам поради сувоста на нивната вагина која доведува до болни па дури и неподносливи сексуални односи. Да не заборавиме на стресот, уморот и обврските. На сето ова горе наведено, резултат е глумењето на огразмот, па не е ни чудно што истражувањата покажуваат дека дури 80 проценти од жените глумат оргазам и тоа го прават прилично вешто!

Толку се усовршени во ова, да мажите не можат да ја препознаат разликата меѓу лажен и вистински оргазам. Но, оној партнер кој вистински ја познава својата понежна половина може многу лесно да ја дознае вистината. Таа е очигледна, ако обратите внимание кон дури и најмалите движења кои таа ги прави во креветот, чукањето на нејзиното срце, отежнетото и забрзано дишење, грчењето на телото, гримасите на нејзиното лице како и забивањето на ноктите во грбот. Ова се само дел од работите преку кои можете да дознаете колку всушност добро сте се покажале таа ноќ.

Популарно