Ова вкусно смути од банана и кафе нека стане ваш секојдневен утрински ритуал.
Ќе ве расони, ќе ве држи сити и дефинитивно ќе ги наполни со енергија вашите резерви.
Кафето содржи преку 1000 состојки наречени фитохемикалии кои дејствуваат како антиоксиданси, додека пак бананите се познати како тригери на енергија.
Потребни состојки:
- 1 шолја сварено и оладено инстант кафе
- 1 банана исечкана на кругови
- 1 шолја безмасен јогурт
- 1 лажица мед
- 1/2 лажица цимет
- 6 коцки лед
Сево ова ставете го во блендер, а потоа декорирајте со зрна кафе или парчиња банана.