Заменик министерот во МВР од ДУИ покрена Кривична истрага против специјалци за тортура врз обвинетите во „Диве Насеље“!

Во тек се истрагите за полициско насилство врз припадници на кумановската група осомничена за случајот „Диво Насеље”.

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој ги иницираше истрагите, во изјава за Алсат-М вели дека досега истражителите идентификувале припадник на специјалните единици кој вршел насилство врз обвинетите во „Диво Насеље”. Самиот Нухиу презел три иницијативи за расветлување на насилството, а тврди дека има и сведоци.

Од Јавното обвинителтво за Алсат-М велат дека работат на расветлување на случајот и дека досега прегледале голем број на докази кои ги оценуваат како релевантни.

Инаку, 37 припадници на кумановската група постојано се жалат на полициска тортура, а според нив, во некои случаи обвинетите не биле во состојба да седат на судските рочишта.

Што му порача Путин на Иванов и на Македонија?

Со особено внимание следиме се што се случува во вашата земја. Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа, истакна претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва.

Тој изрази задоволство дека македонско-руските односи се унапредуваат и, како што рече,  има позитивно движење во економската размена.

На почетокот на средбата Путин му ја честита наградата на претседателот Иванов што вчера му ја врачи Патријархот на Руската православна црква Кирил.

Македонскиот претседател изрази ообено задоволство што токму на овој ден, кога се одбележува празникот Свети Кирил и Методиј  има средба со него.

ВИДЕО: Еве како изгледа автопатот Демир Капија- Смоквица снимен со дрон

Финишира автопатот Демир Капија- Смоквица, едно од најголемите градежни достигнувања што Македонија ги памети до денес. Автопатот кој наскоро ќе биде уштен во употреба е во должина од 28,2 километри, инвестиција вредна 217 милиони евра.

ВИДЕО: Вака започна упадот во собранието на 27ми Април

Повеќе домашни медиуми објавија копии од снимки што биле направени од безбедносните камери во Собранието на 27 април, кога таму се случија големите нереди во кои беа повредени повеќемина пратеници.

Како што може да се види од една од снимките, собранискиот хол во почетокот е празен, а потоа тој се исполнува со маса народ. Луѓето се упатуваат претежно кон главната собраниска сала, а со себе носат транспаренти, како и знамиња. Дел од нив се поздравуваат и со лицата кои тогаш се најдоа во собранискиот хол.

Во првите мигови од упадот не се забележува полициско присуство во холот, ниту, пак, има знаци на насилство. 

Популарно