Заплакала мајка стара

Зоран Спасов е име кое се појави на музичката сцена во Македонија во 90тите години, но подоцна се пресели во Лозана, Швајцарија и се повлече од музиката. Сепак со новиот проект, Спасов се враќа на музиката со автобиографската песна „Заплакала мајка стара“, на која Зоран е кант автор.

untitled

Кадрите се снимени во Лозана и Монтреукс, Швајцарија, но и во Охрид. Како мајка се појавува незаменливата Шенка Колозова. За оваа песна и видео запис, Спасов соработува и со Гоце Димовски.

Испратено од Зоран

ВИДЕО: Дечките кои ги знаете од дискотеките низ Македонија со „Списак разлога“

„Амазон бенд“ е музичко дуо од Виница составено од Мартин Атанасовски - вокал и гитара и Васко Велинов - клавијатура.

Активни се со свирки по ноќни барови и дискотеки низ Македонија.

Ова е нивниот прв видео кавер на песната "Списак разлога" од групата Ван Гог.

За аудиото, мастерингот и едитирањето на видеото се погрижи Петар Хаџиев а видеото е дело на Дарко Тошиќ.

Испратил: Мартин

ВИДЕО: Поледнете што направи овој Македонец од искористени пластични шишиња

Место да ги фрли, Дејан Киревски реши од пластичните шишиња да направи нешто корисно и креативно.

Како и многу пати до сега тој ја покажа својата мајсторија. Погледнете?

Испратено од Дејан

ВИДЕО: Неверојатна транформација на овој Македонец - од слабичко момче, до ЅВЕР

Ратко Костов ни го испрати видеото на кое е снимена неговата неверојатна трансформација за неколку години. Веруваме дека ќе успеел и многу побрзо ако немал забрана од родителите да посетува теретана и ако не следувала повреда по која морал да паузира 4 месеци. Сепак, на крајот упорноста се исплатела, па денска Ратко е горд на својот подвик и телото.

Испратено од Ратко

Популарно