Заврши лидерската средба меѓу претседателите на четирите најголеми политички партии во земјата, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на која било договорено во скоро време да биде одржан нов состанок на кој ќе се дискутира за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите.
На средбата премиерот Никола Груевски го претстави владиниот нацрт план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од 2-ри јуни.
По средбата што траеше повеќе од час лидерите на партиите не дадоа изјави. Најавени се информации за средбата преку соопштение.
И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.