Зејн ја побара за жена Џиџи Хадид, но таа го одбила: Причината ќе ве изненади!

Новата вест која се појави денес е дека пејачот Зејн Малик ја побарал за жена својата девојка, манекенката Џиџи Хадид, но таа го одбила!

21-годишната Џиџи ја одбила понудата за брак на две години постариот Зејн под изговор дека е премногу млада за таков сериозен чекор, а и дека сака посветено да работи на својата кариера.

Блиски пријатели на Џиџи велат дека главната причина поради која манекенката не сака да се мажи во догледно време е фактот што нејзината мајка Јоланда поминала низ два тешки и непријатни разводи, па Џиџи не сака да ја направи истата грешка и сака да биде стопроцентно сигурна дека Зејн е вистинскиот.

Инаку, Зејн Малик пред една година правеше веридба со поранешната девојка, пејачката Пери Едвардс, која телефонски ја откачи токму заради Џиџи, а поранешниот пар уште се препукува на социјалните медиуми.

(ВИДЕО) Исплива дури сега: Оваа снимка од роденденот на Цеца се уште не сте ја виделе!

Најголемата балканска фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена во кругот на најблиските го прослави 44-от роденден.

Таа вечер многумина ја споредија со Моника Белучи поради елегантната тоалета која ја избра за оваа прилика.

Камерите на емисијата „Папарацо лов“ забележа многу детали пред ресторанот во кој прославуваше пејачката. Она што дури сега се појави во јавноста е моментот кога Вељко донесе трубачи.

Погледнете ја снимката:

Вака ги крстија близнаците Бијонсе и Џеј Зи

По предвременото пораѓање на мега ѕвездата Бијонсе, веќе две недели се зборува само за нивните близнаци, синчето и ќерката.
По примерот со нивнотот прво дете, Блу Ајви која името го доби по син бршлен од кој Картери биле инспирирани и го виделе во Хрватска сите со нетрпение чекаат да слушнат какви имиња им се дадени на близнаците.
Иако тие се држат во тајност многу добро, близок пријате на мултимилионската двојка ги откри имињата на нивните деца: синчето го доби името Шон Џуниот (по вистинското името на татко му, Џеј Зи), а ќеркичката Беа (по прекарот на мајка и Бијонсе).
Со нетрпение ги очекуваме првите фотографии од близнаците
 

ВИДЕО: Анџелина Џоли го промени изгледот, се поправи

Анџелина Џоли позитивно изненади со својот изглед при посета на меѓународниот центар за поддршка на бегалци во Кенија.

Актерката одржа говор, а таблоидите изразија изненадување од нејзиниот изглед, со кој се повеќе потсетува во деновите кога важеше за најсекси жена во светот.

Славната актерка во последните години ги полни медиумските страници заради нејзиниот ослабен изглед, но сега многу изненади со промената на подобро.

Обожавателите на Анџелина на социјалните мрежи и портали коментираат дека актерката малку ја зголемила телесната тежина и изгледа многу поубаво.

Популарно