Жена од Тетово застрелана со заталкан куршум

Шеесет и деветгодишната И.А. од тетовската населба Дреновец - Порој синоќа во 22.30 часот е погодена од куршум од огнено оружје што ѝ нанел влезна рана во левата натколеница и скршеница на коската.

kursum-540x300

Како што инфомира СВР-Тетово,  повредената изјавила дека слушнала изтрел кога  излегла од дома и се упатила кон куќата на нејзиниот брат во соседството. Истовремено почуствувала болка во ногата и паднала на земја.

Со помош на нејзини соседи била пренесена на хируршкото одделение од тетовската клиничка болница.

СВР-Тетово работи на утврдување случувањата и откривање на сторителот.

ФОТО: Пожар во зграда во Скопје, жителите заробени во своите станови

Запалена цигара фрлена во влез во скопската населба Ново Лисиче предизвика пожар. Цигарата запали скутер кој бил паркиран во влезот на улицата „АСНОМ“ број 180.

Очевидец за КУРИР раскажува дека пожарот почнат на приземјето, почнал да се шири и на првиот кат и постоела опасност истиот да ги зафати и становите.

За среќа, пожарникарите стигнале навреме и спречиле поголема штета.

-Огнените јазли се стишени, но чадот е огромен проблем за граѓаните кои живеат во оваа зграда. Ние сме во паника,  ги затворија сите влезните врати од своите домови. Ни рекоа да седиме дома заради густиот чад кој се крена по пожарот. Буквално сме заробени, а чадот ни влезе во становите, вели жител на опожарената зграда во изјава за КУРИР.

Сашо Тасевски во полициска станица!

В.д. директорот на Драмски театар-Скопје Сашо Тасевски вчера пријавил во полиција дека истиот ден во 10,30 часот, во службената канцеларија на Драмски театар-Скопје, пристигнало писмо адресирано лично до него.

Откако го отворил писмото забележал дека во истото има напишана порака со заканувачка содржина за него и други лица. Пријавителот појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на Фејбук.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Охрид: Ја уценувал со објавување на експлицитни фотографии ако не му биде девојка

Охридската полиција поднесе кривична пријава 43-годишниот Н.И. од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена".

Според полицијата, пријавениот, во неколку наврати на М.М (24) од Охрид и се заканувал дека ќе објави непристојни и фотографии и видео материјал доколу не прифати љубовна врска.

Популарно