Жена прегазена кај Влада

Шеесет и девет годишната Д.С. од Тетово утринава била прегазена во близина на Владата.

Од МВР информираат дека во жената удрил автомобил „Рено клио“ со скопски ознаки околу 8:20 часот.

Повредената е пренесена во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.

Според пишувањата на дел од медиумите жената не поминувала на обележан пешачки премин.

ФОТО: Дрво смачка автомобил во Карпош 3

Меѓу фотографиите од невремето кои се појавија на социјалните мрежи имаше и фотографија на која се гледа како дрво паднало врз автомобил во скопската населба Карпош 3. 

Неколку дена по ред Скопје е зафатено од невреме, особено во поладневните часови кога невремето е проследено со дожд и грмежи, а на некој места имаше и појава на град. 

Во петок промена на возниот ред на автобусите на ЈСП

Поради државниот празник Рамазан Бајрам, во петок на 15 јуни, автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен летен возен ред, соопштуваат отттаму.

Корисниците на ЈСП Скопје возниот ред можат да го видат на веб страната на претпријатието jsp.com.mk.

Популарно