Живеј!

Ете и Папата кажа дека сме болни. Но, добро е, не стави на куп со сите православни. Тврди дека православието не било во заедничарење со неговиот Престол. Дека не го почитувале како Поглавар на поглаварите. А, ако не го почитуваш, тогаш си болен.

slika-marjan

И СПЦ вика дека ние сме болни, бидејќи исто така не сме биле во заедништво. Но, во заедништво со нив. Таа болест во СПЦ ја викаат раскол-шизма. Нешто како шизофренија… Поделеност на реалноста. Општиш со Бога, му се молиш, но всушност сето тоа е имагинација. Привиден Бог. Не е истиот во кој се молат во Белград. Нејсе… Туку, сега кај ние да одиме да се лечиме? Кај Папата? Или кај Пахомије? Наш, или мој термин се закажува во ПОА?

Видовте како Давид Нинов, излечен од српската болест, општи со вселената? Општи ли општи… Тој општи, а Геро му брои дипломатски успеси. Замислете, Давид Нинов во Грција за време на литургија кажал „Амин” на македонски. Ејјј.. прозборел македонски во Грција. Тоа не е мала работа. Замислете некој му дал право да прозбори на својот мајчин јазик. И сосема логично, тоа е повеќе од доволно за Геро да заклучи дека никој не изгубил ниту честичка од својот македонски идентитет, туку напротив се покажува дека идентитетот се потврдува во заедница со другите. Кои се тие другите? Грчките фашистички попови, за кои Македонците се цигано-скопјани. Заклучок: Македонскиот идентитет се чува со заедничарење со нив. Ти се откажуваш од себе си, а тие ти дозволуваат да им кажеш „фала” на твојот јазик. Може ли некој да смисли поголем шовинизам кон сопственот народ од ова? Која манипулативна теза е ова човече? Какво време дојде. Давид и Геро да не лечат и од националниот идентитет.

Кога сме кај лечењето на националните чувства, оваа недела предничи Сулејман Реџепи. Тој што во слободно време е Поглавар на ИВЗ. Му здосади да се обелкува како Султан, па решил да се занимава со генетика. Согласно неговите научно-интелкетуални капацитети, МАНУ ќе отвори нова катедра. Катедра за Суљо-генетика.

Пред извесно време слушнав дека еден од професорите на факултетот по новинарство, при Правниот Факултет Јустинијан Први, заминал во пензија. Со тоа веројатно и се отворила можноста за реформа на дел од студиите. Така оди реформата во високо-образовните институции во Македонија. Само кога професорот ќе замине во пензија. Јас немав среќа да ја фатам реформата, бидејќи дипломирав во 2003. Тој во пензија заминал подоцна. Не знам како е сега, но јас за шестка морав да знам дека врв во современите теле-комуникациски системи е телефонот и телеграфот. Да! Предметот се викаше “современи комуникациски системи”.

Минатата недела се дигнаа студентите. Во строј продефилираа низ скопските улици. Во светот нивното будење е демонстрирање на авангарда, на промени, на реформи. Познавајќи ја поставеноста на македонскиот високо-образовен нереформиран систем помислив дека студентите се решени да покажат волја, храброст, потенцијал за реформа… за една нова идеја, за тоа како македонските факултети да почнат да произведуваат наука, а не политички пропагандисти. Помислив дека имаат некоја подобра и поквалитетна идеја од онаа на Владата за испитна проверка на знаењето, па ќе ја понудат како предмет за дебата. Искрено очекував од Ректоратот, деканите, професорите, од министерот за образование, од државата… да побараат одговор на прашањето зошто македонската диплома никој во светот не ја признава? Зошто со македонска диплома в раце од Табановце нагоре секаде и секогаш треба да преполагаш, дополагаш? Таман мислев дека некој ќе се сети јасно да проговори како е можно полесно “да ти даде Натали” на Бинго, отколку да добиеш шанса да останеш на факултет како асистент? Да побараат одговор од МВР за популарните „приватни часови”, за тоа зошто само скриптата на професорот е вредносен учебник?.. За се.. А тие да ти протестирале за професеорскиот мир до пензија. Тоа е македонската студентска авангарда… Завршува онаму каде и што почнува. Во скутот на професорот!

57 дена, 10 часа, 18 минути и 23 секунди, откако Зоран Заев ја грабна бомбата в раце. Исто толку време се заканува дека ќе го извади осигурувачот. Нешто слично како онаа со пијаниот Бугарин кога дошол дома и почнал да и се заканува на жена му. „Ште те буфтам, ште умреш..” и се така цела ноќ. Во еден момент жена му спремна му вика, „ајде бе… е ле ште ме….”, а овој легнат се врти, ја гледа со едно око, полузаспан, дезориентиран.. и горделиво одмавнува… „Живеј”!!!

Времето веќе почна да се мери пред и по бомбата на Заев.

Македонската јавност, деновиве со вознемиреност ги следи состојбите во САД, кои катадневно излегуваат вон контрола. Тие можат да имаат сериозни импликации врз американсото општество. За таа цел, предлагам вонредна седница на МНР со соопштение кое треба да има смирувачки тон.

Отприлика вака некако:

„Република Македонија со посебно внимание и загриженост ги следи настаните во Фергусон. Ги повикуваме сите инволвирани страни на мир и разум, како и на итно отпочнување на дијалог во институциите на системот. Воедно ги повикуваме американските полициски и вооружени сили да се откажат од употреба на прекумерна сила, за повеќе да не ги гледаме немилите сцени кои го нарушуваат угледот на САД во очите на меѓународната заедница. Македонија повторно ја предупредува американската јавност сериозно да ја разгледа судската пресуда за овој случај, затоа што таму лежи потенцијал да се нарушат меѓурасните односи во кревкото американско општество. САД секогаш ќе имаат партнер во Македонија при нивните напори за целосна имплементација на словото и духот на Законот за човекови права”.

Македонскиот амбасадор во САД лично ќе го набљудува целиот тек на судењето.

Марјан Николовски- Новинар за Денешен.мк

Заев сака, но не може да и даде на Бугарија

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, напиша вчера премиерот Заев и додаде: Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!

Не знам од каде да почнам.... Ајде од почетокот. Први Август 2017 година. Денот на потпишување на договорот и изјавата на Заев дека со овој договор Бугарија го „признала“ Македонскиот јазик. Ммммм...НЕ! Единствено место каде се спомнува македонскиот јазик е последниот пасос во кој се вели:
„Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. “
Значи, согласно уставот на Република Македонија, што значи дека јазикот целиот свој легитимитет го влече од уставот, кој е менлива категорија и постои едвај 30тина години. За разлика од уставот, македонскиот јазик е официјален јазик векови наназад. 
Токму догооворот за добрососедство и лагите што тогаш ги ширеше Заев, се јасен аргумент дека премиерот знаел што го очекува и дека и сега знае што следува. 

Следно, „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“. Јазик не се признава. Јазик  постои и се кодифицира(стандардизира). Тоа што оваа влада постојано повторува дека македонскиот јазик е признат во 1977 година во Атина е само уште лага, со која повторно им се дава оружје на бугарските тврдења дека станува збор за бугарски дијалект. Во 1977 година во Атина со резолуција е усвоена латиничната транскрипција на македонската кирилица. Толку! Не се работи за никакво признавање, затоа што такво нешто не постои! Како тоа некој да ви признае јазик? Кој е тој што го може тоа?

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“, колку и гордо да звучи, нема никакво значење во спорот со Бугарија и Заев го знае тоа. Софија секојдневно повторува дека тие немаат проблем со тоа што ние денеска сме Македонци и зборуваме македонски јазик, туку со нашето минато. На Бугарија во моментов не и гајле дали сме ние Македонци, туку што тоа биле нашите предци. „Македонија и македонскиот народ се творба на Тито. Излажани Бугари, а македонскиот јазик е само дијакт на бугарскиот“. Тоа е ставот на Софија и во ништо не се оспорува со „гордата“ изјава на премиерот. 

„Етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас“. И со оваа реченица Бугарија нема никаков проблем. Како што реков и пред малку, Софија признава дека сега сме различни народи, со различен идентитет. Тие ја сакаат историјата. Тоа многу отворено го кажа нивниот министер, кога рече дека убаво што Заев прифаќа заедничка историја, само уште да признае дека е бугарска. 

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите“. За некој да работи на доближување на ставовите, прво треба да има став, а Заев го нема. Дури и кога личи дека го има, ЛАЖЕ! ЛАЖЕШЕ дека нема да се смени устав со цел да се смени уставното име! ЛАЖЕШЕ дека со „Преспанскиот договор“ е бетониран идентитетот, но ја изгубивме пола историја (историја +традиција +култура+јазик = идентитет). ЛАЖЕШЕ дека со договорот со Бугарија, Софија го „признала“ македонскиот јазик. ЛАЖЕШЕ дека не постои „Тиранска платформа“. ЛАЖЕШЕ дека сме добиле датум за прговори со ЕУ, барем 12 пати. ЛАЖЕШЕ дека има писмени гаранции за почеток на преговори со ЕУ. ЛАЖЕШЕ дека Бугарија во втората светска војна била само администратор во Македонија. ЛАЖЕ и сега! Заев нема став, затоа што тој не се обидува да го реши спорот со Бугарија за доброто на Македонија, туку за свое добро. Во ситуација кога земјава е задолжена над 60% од БДП (високозадолжена земја), по што му е јасно дека повеќе нема да може да се задолжува и многу скоро ќе остане без пари за плати и пензии, единствен спас му се европските фондови. Во ситуација кога Македонија е 7ма по смртност од Корона, а ситуацијата до прва ќе се влошува, Заев знае дека многу скоро (на пролет) ќе мора на избори. По сите порази, на сите полиња, Заев знае дека неговата политичка кариера завршува со тие избори. Но, не е тоа главниот проблем на премиерот. Она што него навистина го плаши е прогонот кој што му следува. При "All in“ има само две можни. Ги собираш сите чипови (успеси) од масата или губиш се, па дури и слободата. 

Заев во моментиве е давеник, налик Груевски пред неколку години. Разликаата е што Груевски бараше спас кај народот (кој го пљачкаше со години), а Заев очекува да му помогнат странци. Она што сеуште не го разбрал е дека, кога ќе ја изгуби довербата кај народот, странците нема да го есапат. Завршено е! Сега дури и да прифати дека до вчера сме биле Бугари, а јазикот ни е препишан од бугарски буквар од 1943 година, никако не може да му понуди гаранција на Борисов дека тој договор ќе биде почитуван од наша страна. При таков договор, диру ни почеток на преговори со ЕУ нема да му донесе победа на изборите, а тоа Софија го знае. Затоа, сега потписот на премиерот не вреди ништо во Бугарија. Од таму и изјавата на Каракачанов дека изјавите на Заев се празни зборови, му требаат дела. Делата Заев не може да ги понуди! Единствено што може да направи е дополнителна штета во односите со Бугарија со уше некој анекс договор, за кој нормално ќе ЛАЖЕ што подразбира. Ова не значи дека давеникот ќе престане да прета и да се бори за воздух и по цена на други жртви, но крајот е блиску, а СДСМ никако не може да го запре. 

По сите понижувања и неуспеси кои како народ ги доживеавме под оваа владејачка гарнитура, добрата вест е дека за неколку месеци ќе заминат во историјата (во онаа црната). Лошата вест, доколку драстично не се променат работите, е дека Мицковски ќе биде новиот премиер. Сегашниот лидер на ДПМНЕ кој не направи ама баш ништо, да го спречи Заев во своите антимакедонски политики, премиерската позиција ќе ја добие на тацна. Слично како што ја доби и претседателската функција во својата партија. ДПМНЕ под лидерство на Мицкоски не доби ниту едни избори, не оствари ниту една победа! Ако толку може како партиски лидер, колку (ич) ќе може како премиер?

Можеби малите партии (од кои се издвојува Левица) ќе можат да го искористат вакумот, но сеуште е рано да зборуваме за премиер кој не е челен на СДСМ или ДПМНЕ. 

Автор: Пацифист

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

Популарно