Зошто таа не сака орално да ве задоволи?

Оралниот секс е најчестата предигра, но сепак сеуште постојат жени кои не се љубителки на остиот. Еве неколку причини зоштое тоа така:

4326_220214232949109_585x525

Повеќето не сакаат кога партнерот насилно им ја турка главата надолу

Без разлика на тоа што сте го виделе во „порките“, на повеќето жени не им е ОК машкото да се однесува кон нивната глава како кон фудбалска топка. Наместо тоа, дајте ѝ комплимент и кажете ѝ колку е добра кога ви пружа орален секс и колку добро изгледа кога го прави тоа.

Не сте ѝ најавиле

Ова се однесува на фактот дека сите жени не сакаат да бидат изненадени со лансирање на туѓа материја во нивното грло. Ако само што сте започнале со сексуалната игра, запрашајте ја дали сака да дава орален секс и дали голта. Ако одговорот е потврден, најавете ѝ кога ќе свршувате. Ако вашата дама не е заинтересирана за последниот дел, прашајте ја дали може да ејакулирате на некој друг дел од нејзиното тело. Немојте да претпоставувате дека таа ќе ја сака вашата сперма каде било.

Не возвраќате

Многу мажи мислат дека имаат право на орален секс, но притоа не го возвраќаат. Затоа, ако ретко или никогаш не ја задоволувате орално вашата партнерка, немојте да очекувате дека и таа секое утро ќе ве буди со „пушење“.

Можеби не ѝ се допаѓа вашата „фризура“

Ако долу чувате птичјо гнездо, тоа баш и не е најатрактивниот изглед на светот, без разлика дали се работи за мажи или за жени. Влакната малку проретчете ги или потскратете ги и ќе ѝ изгледате многу попривлечно.

Пребавни сте

Ако ви требаат 10 минути или повеќе за да свршите при орален секс, веројатно на вашата партнерка нема да ѝ се допаѓа идејата за орален маратон. Повеќе предигра пред оралниот чин може да ви помогне потоа побрзо да дојдете до врвот. Или, ако е таа долу веќе подолго време, дајте ѝ време малку да се одмори така што сами ќе се допирате или ќе ја насочите рачно да си поигра со вас додека си ја одмори вилицата.

Во секој случај, доколку сметате дека не добивате доволно орален секс, обрнете внимание на овие 5 нешта, бидејќи нејзиниот проблем можеби всушност се крие во вас.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно