Зошто ве болат брадавиците?

Објавено на 10 декември 2016, 22:23

СПОДЕЛИ:

Болните брадавици можат да бидат индикатори на повеќе состојби, а најчестите се:

Редовен менструален циклус

Поголем дел од жените чувствуваат промени во градите и брадавиците во одреден период од месечниот циклус. Всушност, еден од најчестите симптоми на кои девојките и жените се жалаат е болката која се јавува при допир, како и зголемувањето на градите и претераната чувствителност. Всушност токму тоа е причината за болките.

Ако ова е причината за вашата болка, почекајте неколку дена и симптомите ќе исчезнат. Во овој период можете да ја намалите количината сол која ја внесувате, така што вашето тело нема да ја задржува водата.

Бременост и доење

Болката за време на бременоста е нешто кое најверојатно ќе го искусите, но ако доите, тогаш бидете сигурни дека истата нема да изостане. Барем во почетокот на доењето. Болката за време на бременоста е предизвикана од подивените хормони, а онаа на брадавиците е нивен придружен ефект. Но, ако веќе сте родиле и доите, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ја ублажите болката: на пример, охрабрете го вашето бебе да ја отвори ширум устата додека цица и откако тоа ќе го направи отстранете ја брадавицата така што нежно ќе му ја повлечете брадата надолу за да престане со вшмукувањето.

Носите погрешна големина на градникот

Кога носите градник кој е преголем или премал, (а тоа го прават 80% од жените), може да се случи брадавиците да ги чувствуваат последиците. Со преголемиот градник ризикувате тој да се „врти“ околу вашите гради и постојано да ги дразни брадавиците, а пак премалиот може да го „истисне“ животот од градите и тоа да предизвика болка.

Надминете го срамот (за оние кои се срамежливи) и појдете во некоја од продавниците за долна облека. Замолете една од девојките кои работат таму да погледнат дали сте ја одбрале вистинската големина на градникот. Избегнете ја болката по секоја цена!

Вежбате без соодветен спортски градник

Ако секојдневно вежбате фитнес, практикувате некоја друга физичка активност или можеби џогирате, мора да носите соодветен спортски градник. Преголемиот градник може да ви ги иритира брдавиците, а премалиот да ги престегне, па вие повторно да се соочите со непријатната болка. За среќа, се произведуваат различни видови спортски градници, за различни видови спорт.

Пред да купите таков градник, внимателно прочитајте ја етикетата или едноставно прашајте за видот на градникот кој сакате да биде ваш.

Сте имале повреда

Секој удар во пределот на градниот кош може да предизвика повреда на градите односно на брадавиците. Најчест таков пример се сообраќајните незгоди и тоа кога повредите се случуваат поради сигурносниот појас. Затоа е многу важно појасот да ви биде правилно поставен а тоа е точно помеѓу градите.

Повредите и болките предизвикани од појасот ќе исчезнат заедно со излекувањето на повредата.

Сува кожа

Оваа појава е изразена за време на зимските месеци, кога поминувате голем дел од денот во затворен простор. Грејните тела ја вшмукуваат влажноста од воздухот, а кожата, вклучително и брадавиците ви се сушат и пукаат. Најдобар начин да се избегне оваа појава е да ставете навлажнувачки крем или млеко на кожата, особено после туширањето. Исто така пијте многу вода за да бидете хидрирани и однатре.

Маститис

Ако брадавиците ви се воспалени или инфицирани, можно е да имате маститис. Притоа можете да забележите и други симптоми како што се: црвенило околу брадавиците, можно истекување на некаква течност од нив и болка на допир. Ако ова се појави, тогаш мора да посетите лекар. Понекогаш маститисот може да се повлече сам од себе, но може да бара терапија со антибиотик, кој нормално, ќе ви го препише лекарот.

Рак на градите

Една од најсериозните причини за болки во брадавиците е ракот на дојката. Ако не сте сигурни за причината на болката која ја имате во тој предел, ако истата не се повлекла после бременоста и доењето, тогаш е најдобро да одите на лекарски преглед. На тој начин, ако е нешто сериозно, како ракот на пример, имате поголеми шанси истиот да биде излечен навремено и успешно.

СПОДЕЛИ: