Ужасна несреќа се случила вчера во Скопје кога во 15 часот и 10 минути, на улицата „Лука Геров“ во Скопје, веднаш по крстосницата со улицата Лазо Дамовски-Ошенски“, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот Х.Р. од село Љубин, скопско, удрил во деветгодишно дете од Скопје.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.