Ниту една препорака не е спроведена, најголема корупција кај пратениците, судиите и обвинителите!

Групата држави против корупција, ГРЕКО, вели во својот втор компилиран извештај објавен во четвртокот, дека Македонија нема направено никаков прогрес во имплементацијата на препораките на превенирање на корупција помеѓу пратениците, судиите и обвинителите.

Од ГРЕКО перформансот го нарекоа „јасно разочарувачки“, ГРЕКО ги повика Македонските власти повеќе да се вложат во фокусирана акција на имплементација на препораките за борба против корупцијата.

ГРЕКО констатира дка ниту една од препораките не била успешно имплементирана.

Во судството, извештајот констатира „лимитиран прогрес“, цитирајќи го прифаќањето на амандманите за законот за судскиот совет во декември 2017 и мај 2018.

Извештајот исто така констатира дека „нема развој“ кој ќе цели кон зајакнување на системот на декларации за имотите кои треба да ги собира државната комисија за спречување на корупција.

„Дотолку повеќе, Државната комисија за спречување на корупција, неодамна се најде во сериозна афера, која резултираше со оставка на нејзините членови поради обвинувања за корупција“, стои во извештајот.

Коментари

Популарно