Видео: И крадците имаат „душа“

Крадец во Кина нападна жена која имала намера да извади пари од банкомат, и во моментот додека подигнуваше пари, крадецот ја нападнал, а само неколку минути подоцна тој одлучува да ѝ ги врати парите и продолжува понатаму.

На видеото преплашената жена му ги дава  парите што ги подигнала од банкомат, па му ја покажува состојбата на сметката на која нема расположливи средства, на што крадецот се насмевнува и си заминува

Од сожалување, разбојникот ѝ ги врати парите и си замина, а на видеоснимката се гледа како крадецот се „смешка“ додека си заминува.

Крадецот подоцна бил уапсен и однесен во полициска станица.

Коментари

Популарно