ФОТО: Викторија Лоба одмара во Мајами или се уморува?!

Деновиве Викторија Лоба најави далечно патување… На егзотиочна дестинација, крај океанот. Локацијата и придружбата како и целта на патувањето  беа енигма се’ до денот, додека не пристигна на саканото одредиште.

По првите фотографиии и локацијата е позната. Лоба „ла Мајами“, пардон, на Мајами, САД. И придружбата веќе не „тајно моја“, зашто пејачката е таму со истиот човек со кој и дома во Скопје, ја дели локацијата… за животен престој или заедничкото живеалиште! Човекот е лоциран по профилот од автомобилот!

Само целта на патувањето за сега остана мистерија, дали е приватни или ќе се снима и видео за некоја од песните од новиот двоен албум.

И се’ би било добро, во меѓувреме на  Лоба „ла Мајми“ да не и се појавеше проблем! И тоа баеги незгоден. Откао пристигна, пејачката е постојано поспана и мамурна, ама сон никако не ја фаќа…Очи ширум отворени и ококорени, не може да заспие и нешто да сони… Проблем – временските зони! Изгледа Лоба на Мајами, џабе понесе пиџами!?

„Дали некогаш сте се запрашале што е вистински jet lag?

Можам да кажам дека вчера и завчера го искусив во потполност, а дополнително со себе си ја понесов настинката од дома. Ми се спиеше постојано, состојба матна како во полу сон и кога ќе стигнам до соба не можам да заспијам. Максимум што можам да спијам е до 6 наутро (11 am по наше време).

Ги прочитав сите статии за тоа како да го победиш  jet lag-от и единствен спас најдов во апликација Timeshifter која те спрема неколку дена претходно за твоето патување.

Ќе ја испробам на враќање дали функционира, а сега пак ќе си поспијам“ – напишала пејачката меѓу две дремки на плажа… покрај океанот!

Кој знае што ќе биде кога ќе се качи на брод?! Знае некој чаре за „морска болест“?

Или можеби не треба, зашто сега станува јасно зошто пред да летне за „ла Мајами“, Лоба го помина денот лежејќи на душек во базенот. Не, не беше во прашање никаква мода… Само адаптација за пловење по вода!

Коментари

Популарно