ВИДЕО: Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ објави монтирано видео за децата на политичарите на власт

Јован Јаулески, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на својот профил на социјалните мрежи постави монтирано видео со фотографии и имиња на децата на функционери од власта, прикажувајќи ги како „живеат во луксуз и раскош“ пред стартот на кампањата за претседателските избори.

СДСМ веднаш го осуди ваквото видео како спроведување на ниска и неморална кампања. 

– Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на  Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотогорафии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата. Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија. Семејството има посебна важност и не смее да биде користено во партиската и политичка комуникација. Во оваа насока СДММ го осудува и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели – соопшти Александар Димитриевиќ, претседателот на СДММ.

Ваквата реакција на Јаулески најверојатно доаѓа по коментарите на социјалните мрежи од одредени поединци дека синот на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска Давкова свири со кавал на клупа во парк а минувачи му фрлаат ситни пари.

Коментари

Популарно