ВИДЕО: По 12 години се разбудил од кома и открил нешто страшно

Во 1988. година Мартин Писториус од Јужна Африка бил типично момче кој обожувал да си игра со разни апарати, најмногу со транзистори, телевизори…

Неговото идилично детство одеднаш го прекинала мистериозна болест – а возраст до 12. години еден ден од училиште дома се вратил со болно грло, но неговата мајка не обрнувала многу внимание на тоа, мислејќи дека ќе помине со малку мед и чај. Но, неговата состојба набргу се влошила до моментот во кој воопшто не можел да оди ниту да стои, па ниту да говори, а пред да успеат да преземат било што момчето паднало во кома.

Во раниот период Мартин не бил свесен за ништо, бил во длабока кома. Неговото семејство организирало посебна грижа за него – од капење, хранење со помош на цевчиња, свртување.

Но, на возраст од 16. години Мартин ненадејно се разбудил – односно станал свесен за се што се случува околу него. Сепак, и понатаму не можел да се помрдне, комуницира со семејството или на било кој начин да им даде до знаење дека е „тука“.

До тој момент минале уште 8. години заточеништво во сопственото тело. Во домот за немоќни го злоставувале бидејќи немале можност за попладневна грижа за него. Во посебен документарец семејството Писториус и самиот Мартин ја откриле неговата необична приказна.

„Мразев да бидам во Центарот за нега, беа ужасни со мене. Мојот татко откако се разбудив и му открив што се случуваше сето тоа го пријави, но тие секако негираат. Нема што не ми правеа, ме влечеа за коса, ме удираа со метална жица по забите за да јадам. Често ми даваа чај што врие, ми удираа шамари, се однесуваа како да не се луѓе“, рекол Мартин. Освен тоа, се пожалил и на сексуално злоставување во кое една вработена во Центарот би знаела да го опчекори и на неговото тело да симулира секс, го допирала по гениталиите…

„Тие би ме поставиле пред телевизор кој цел ден работеше. секој ден прогарамата беше иста, диносаурусот Барни. Боже,колку ја мразев таа емисија, се потсетил Мартин.

„Се надевам дека ќе умреш“

Од се што доживеал во своето тело заробено во кома, како најболен момент го наведува она што го изговорила неговата мајка. Имено, таа во еден момент стоела над него, бришејќи го со крпа и гледајќи го неговото безживотно тело и гласно изговорила ’Се надевам дека ќе умреш’. Мартин го слушнал тоа и му се врежало со меморијата. Иако тоа тогаш многу го растажило, денеска потполно ја разбира.

„Најлошо ми е што не можев да ја прегрнам, да и кажам дека е многу убаво што се грижи за мене, дека сум и благодарен“, во солзи објаснува Мартин.

После бројни години,полни 12. години на наводна кома, некои вработени во Центарот во кој го негувале, почнале да забележуваат промени во неговото однесување, односно обиди да комуницира. Набргу ги известиле родителите и Мартин на возраст од 25. години добил компјутер со софтвер за комуникација со помош на кој и денес комуницира со луѓето.

Со помош на терапија успеал и да ги унапреди своите движења, а во 2008. година преку интернет запознал жена поради која се преселил во Велика Британија. За него секоја година од комата донесува барем некој напредок, па така во 2011. успеал да поврати дел од контролата над рацете и гласот, а ја напишал и автобиографијата „Ghost boy” (Момче дух) според која се планира снимање на филм.

Коментари

Популарно