Марина Туцаковиќ го победи ракот

Резултатите од последната контрола на која била на почетокот на месецот, покажуваат дека во организмот на Марина Туцаковиќ скоро и воопшто да нема малигни ќелии, односно дека таа е на чекор до излекување.

Марина е сигурна дека вербата одиграла огромна улога и благодарна му е на Бога, пишува Курир.рс

Како што открива изворот за Курир.рс, за лекувањето на Марина секако заслужни се скапи третмани, меѓутоа Марина секогаш верувала дека се му должи на Бога.

Изворот открива дека нејзина пријателка со месеци одела во манастир близу Белград каде оставала голем прилог за фреските и иконите, а молела и 7 свњештеници на секоја литургија да се молат за здравјето на Марина.

И самата Марина понекогаш оди на литургија во тој манастир, но не редовно бидејќи е се уште слаба. Изворот вели дека Туцаковиќ е  сигурна дека Бог ѝ помогнал и сега знае дека верата е најдобар лек за се.

Коментари

Популарно