Зошто го сакаме „играчот со број 5“? Затоа што е цар!

Македонската ракометна репрезентација синоќа за прв пат славеше на гостување во Исланд и му го нанасе првиот пораз на домашен терен по 13 години на противникот.

Исланд синоќа загуби во драматичен финиш кој го реши Дејан Манасков со гол во последна секунда и тоа откако промаши пенал.

Ова е прва победа на Македонија на ова гостување, но и замислете прв пораз на домашен терен на Исланд по дури 13 години.

Еден од нивните најдобрите поединци, Арнор Гунарсон објасни која била клучната причина за поразот.

„Ги пронајдоа сите дупки во нашата одбрана и им беше лесно да се разигруваат и да постигнуваат голови. Не реши нивниот пикер кој тежи 140 килограми, навистина е тежок за чување кога ја има топката во своите раце. Тој и нашата одбрана не убија вечерва“.

И сега внимавајте што направи тој наш незадржлив пикер од 140 кила. Ја сподели изјавата на Гунарсон на Инстаграм и направи само мала измена кај сопствената слика. Како може да е толку цар? :)

Коментари

Популарно