ФОТО: Што се случило со лицето на холивудската глумица Мег Рајан?

Мег Рајан била кралица на холивудските романтични филмови во 80 и 90 години на минатиот век. Во својата кариера забележала настапи во комедиите како "Имаш порака" и "Романса во Сиетл", како и во култниот филм "Кога Хари ја сретна Сали" од чија премиера поминале дури 30 години.

По повод годишнината од филмот во Лос Анџелес остварена е проекција во склоп на филмскиот фестивал TCM во "Chinese Theatar". Иако Били Кристал и Мег Рајан зрачеле со позитивна енергија и добри вибрации, многумина коментирале за изгледот на холивудската дива. 

Полни образи, затегнато лице, чело без брчки и видно зголемени усни во однос на фотографиите од премиерата на филмот "Кога Хари ја сретна Сали" во 1989 година, многумина сметаат дека Мег им се препуштила на пластичните операции.

"Ги сакам своите години, го сакам мојот живот. Ја сакам личноста која станав", признала Мег во едно интервју, но одбила да искоментира за изгледот.

Со првите критики за своето лице се соочила после настапот на доделувањето на американските театарски награди Тони во 2016 година.

"Мислам дека луѓето се шокирани, бидејќи не изгледа како Мег Рајан која сите ја сакаме. Мислам дека претера со операциите", изјавил пластичниот хирург Марк Јусеф.

Како и да е, нејзините обожаватели застанале во нејзина одбрана велејќи дека глумицата за нив секогаш е убава. Мег Рајан не се огласи по повод овие коментари, а досега не потврдила ниту еднаш дека подлегнала на естетски зафат.

Коментари

Популарно