Крадците заминале со голем плен!

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, соопштуваат од банката.

Информираат дека двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување, а работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот, по укажаната лекарска помош, е добро и е пуштен на домашно лекување.

„Експозитурата во Чаир не работи во моментот и ќе продолжи тековно да ги опслужува клиентите од 17.4.2019 година. Со истрагата е утврдено дека при грабежот се одземени 150.000 евра“ - соопштија од банката.

Информираа дека банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

Коментари

Популарно