Шерифовиќ го напушта жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Се чини дека наредната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ нема да биде во ист состав.

Имено, Марија Шерифовиќоткрила дека е многу уморна од натпреварувањето, па најверојатно ќе го напушти шоуто.

-Јас толку многу стрес доживеав па така најискрено размислувам ова да биде моја последна година, бидејќи се ми стана напорно и тешко.Оваа година заедно со натпреварувачите почнавме све да доживуваме по емотивно.Се караме едни со други повеќе од што е потребно.Сепак тие се мои колеги и сакам од време на време да може да се сретнам со нив и да испијам едно кафе, рекла Шерифовиќ и додала:

-Седнав со Саша и му ја соопштив мојата одлука, секако не беше среќен поради ова, па ќе видиме што ќе биде.Уморна сум од тоа да изгледам како непристојна будала во шоуто, рекла Марија.

Коментари

Популарно