Фото: Малиов има мајка...

Нејзиното име е Шими Мунши, има 20-годишен син, меѓутоа таа изгледа толку младо што луѓето често помислуваат дека му е сестра или девојка.

Шими е самохрана мајка има 41 година, но никој не би претпоставил дека таа има толку години. Таа тврди дека често ја обвинуваат дека за нејзиниот изглед се заслужни пластичната хирургија, скапите креми за лице и козметичките третмани, но таа го тврди токму спротивното.

-Отсекогаш сум изгледала младолико. Кога моите пријатели почнаа да стареат, јас очигледно тргнав во друг правец, но не знам зошто. Одвреме-навреме се чувствувам како женски Петар Пан, вели Шими.

Таа го родила својот син Амен на 21 годинa.

-Консумирам зелен чај, не пушам цигари и не пијам алкохол. Вежбам во теретана и пијам многу вода. Никогаш не сум правела операции и никогаш не сум посетила пластичен хирург, вели самохраната мајка чиј изглед е толку неверојатен што честопати ѝ бараат лична карта како доказ за годините.

Коментари

Популарно