Зошто овој татко заслужува почит?

Жител на Велика Британија чие име е Бенџамин Карпентер  е навистина „човечко суштество“. Бенџамин  посвоил 4 дечиња со посебни потреби и има за цел овој свет за нив да го направи подобро место за живеење.

Тој вели дека пораснал во религиозно семејство и отсекогаш сакал да стане татко. Да има биолошки деца никогаш не му било приоритет и посвојувањето му се допаѓало како опција.

Бидејќи бил свесен дека дечињата со посебни потреби потешко ги посвојуваат, затоа се одлучил својата љубов да им ја подари токму нив.

Ова патување го започнал пред 10 години, кога го посвоил неговото најстаро дете Џек. Момчето, кое денес има 10 години е родено со аутизам. Тој ги има и Руби (6), Лили (5) и Џозеф (2).

Коментари

Популарно