ЈСП повторно „прави грешки“

Надлежните од ЈСП  неодамна донесоа одлука со која на лицата со попреченост им се дозволува да ги користат нивните услуги со своето куче-придружник, денеска на Александар Велески и неговото куче Бен не им било дозволено да се качат во автобус на ЈСП.

За жал на својот фејсбук профил се пожали Александар „Функционира ли нешто во државата, ЈСП, 7-ца не ме пуштија со Бен“,  .

Од ЈСП соопштија дека за случајот дознале преку Фејсбук и дека веднаш го побарале Александар, но се уште не стапиле во контакт со него.

„Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола. Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран“, велат од ЈСП.

Ова не е првпат Александар да доживее ваква случка. Неодамна тој беше спречен со неговото куче да се качи на жичницата на Водно. Токму овој настан го поттикна претпријатието да донесе одлука со која на лицата со попреченост, ќе им биде дозволено да ги користат услугите со своето куче-придружник, со цел во иднина да се избегнат вакви ситуации и апелираа да се следи нивниот пример.

Радио МОФ веќе истражуваше на оваа тема, за тоа со кои проблеми се соочуваат лицата со попреченост и недостигот на Центар за обучување на кучиња придружници.

Коментари

Популарно