ФОТО: Дани објави фотографии од синот матурант

Синот на пејачката Дани Димитровска стана матурант. Лазар има 18 години и го завршува средното образование во гимназијата „Орце Николов“. Гордата мајка објави неколку фотографии на Инстаграм од својот син матурант.

„Кога ја пеам ‘Свети’ на него мислам. А Бог’ме ми свети посјајно и од сонцето…во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта… Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе.  Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив“, напиша Дани на Инстаграм под фотографијата на која е нејзиниот матурант Лазе.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Кога ја пеам “Свети” на него мислам. А Бог’ме ми свети посјајно и од сонцето...во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта.. Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе.. Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив ❤️ Матура #checkedout

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska) on

Коментари

Популарно