ФОТО: Сокриена плажа во Црна Гора

Малата плажа Перазича, можеби најубавата плажа во Црна Гора, со својата егзотика може да им парира на некои од најпознатите светски плажи.

За жал или за среќа, луѓето и понатаму не знаат за неа, па така е сокриена од погледите на јавноста и мора малку повеќе да се потрудите за да дојдете до неа.

Имено, таа е сместена на заливот под манастирот Режевичи и до неа се доаѓа со вртење од патот до манастирот Будва-Петровец. Покриена е со песок и камчиња, а долга е само 40 метри.

На левиот крај од плажата се наоѓа сè уште недовршениот хотел Ас, кој малку го нарушува нејзиниот амбиент, но во исто време станал и нејзин заштитен знак.

Доколку не сте тргнале со кола до плажата, до неа можете да дојдете и пеш од Петровец и да искусите некои од најубавите краеви на Црна Гора – прошетка од два километри кои нема да ги почувствувате, но нема ни да ги заборавите.

Мирисот на шумите и морето, тунелите на чии краеви ве чека некој нов рај, се само дел од 2-километарската прошетка во која ќе уживате повеќе од било кога.

Коментари

Популарно