Срцето на малечкиот Иван престана да чука: Родители го убиле својот син

Ова е приказна за мало момче со големо срце – и приказна која сите би требало да ја прочитаат.

Приказната е за Иван – но не само за него. Тоа е приказна за милиони деца како него, кои минуваат низ истиот ноќен кошмар ширум светот.

Иако приказната е од Русија,пораката погодува директно во срце. Ова не би требало да се игнорира. Иван не смее да се заборави.

„Се викам Иван и имам 7. години. Ги сакам моите мама и тато, но и се плашам од нив. Често ме удираат и не разбирам зошто.

Ова утро се разбудив и отидов на училиште. Добар ученик сум и учителот ме сака. Ги сакам моите другари од оделението, но немам пријатели. Затоа обично останувам во училница за време на одморот. Никој не сака да си игра со мене. Се обидов да се спријателам со другите деца, но ме одбија и ми рекоа дека сум одвратен.

Ми се смеат бидејќи носам исти износени фармерки, маичка и искинати чевли – секој ден.

Еден ден после школо отидов во соблекувална и украдов јакна која таму беше долго време,се чини дека никому не му недостасувала. Потоа си отидов дома, сам, додека имаше снежна виулица. Се тресев од ладно и ми беше тешко да одам со јакиот ветер. Ненадејнио некој ме оттурна, паднав во снегот и потоа некој почна да ми го притиска лицето во снегот.

Потоа ми рекоа:

„Никој не те сака идиоту!“

Ме удираа по грбот и стомакот, потоа избегаа и ме оставија во ладниот снег. Плачев. Не затоа што ми беше ладно или што бев повреден, плачев бидејќи немав ниту еден пријател, иако сите ги сакав.

Штом дојдов дома мајка ми дотрча и ме фати за косата.

„Каде беше? Зошто си така мокар и валкан? Проклето дете, нема вечера за тебе, оди во својата соба и остани таму“.

Направив како што ми кажа мајка ми, отидов во мојата соба и не излегував до утредента,иако ми беше ладно, иако бев гладен…

Оценките ми се влошија, и секој пат кога ќе го известев татко ми ме удираше. Еднаш толку силно ме удри што не можев да го помрднувам прстот – и никогаш повеќе мојот кажипрст не ми работеше, а децата ми се смееа поради тоа.

Времето минуваше и еден ден почнаа и градите да ме болат.

На мама и тато не им баше гајле што ме болат. Навечер лежев во кревет и сакав само една работа. Посакав повеќе да не ме боли, бидејќи не сакав да го заморувам мама и тато. Толку ги сакам, навистина.

Следниот дел во школо ми рекоа да го нацртам својот најголем сон. Другите деца цртаа автомобили, ракети и убави кукли. Јас не.

Не затоа што тие работи не ми се допаѓаат, туку затоа што тоа не беше тоа што најмногу го сакав, а најмногу посакував мама и тато да ме сакаат…

Кога дојде ред на мене да го покажам мојот цртеж сите ми се смееа.

Потоа објаснив:

’Мој најголем сон е семејство’.

Уште повеќе ми се смееа. Почнав да плачам и потоа реков:

’Ве молам, немојте да ми се смеете, ова е мојот најголем сон! Можете да ме удирате, мразите, но ве молам немојте да ми се смеете. сакам да имам родители како вас,кои би ме прегрнале и би се смеле со мене, би дошле по мене после училиште и кои би биле среќни што ме гледаат. Знам дека сум грд и слабичок, знам дека имам скршен прст, но ве молам немојте да ми се смеете’.

Учителот се обиде да ми ги избрише солзите, мислам дека некои деца ме разбраа, но многу и продолжија да ми се смеат.

Еден ден кога го добив својот текст, веднаш видов дека сум постигнал лоши резултати. Знам дека мајка ми ќе биде многу вознемирена. Ми беше страв да си одам дома, а не знаев каде да одам на друго место. Одев полека накај дома, но не сакав да дојдам. Мајка ми стана бесна.

Ме грабна и ме фрли на подот, многу силно се удрив од ногарката на столот…Потоа два пати ме удри силно по главата. Само лежев таму, не можев да станам. Навистина болеше.

Но, мама ме остави да лежам на подот.

Кога се врати ми кажа да го исчистам нередот, инаку татко ми кога ќе дојдеше дома ќе ме истепаше. Ја молев мама ништо да не му каже на тато, но кога погледнав горе видов дека е веќе на вратата.

Кога мама му кажа за тестот, ме крена од подот, ме протресе и ме удри по лицето. После тоа не се сеќавам на ништо. Се разбудив во болница. Погледнав во раката, не можев да допирам ниту еден од моите пет прсти. Погледнав низ прозорецот и плачев. Надвор гледав родители како си играат со своите деца, заедно фрлаат топка и се прегрнуваат.

Знаете ли зошто плачев?

Не знам какво е тоа чувство да се добие прегратка од мојата мајка. Родителите само ме тепаат, но сепак ги сакам. Секогаш давав се од себе, бев добар во школо, но сепак не ме сакаа.

Еден ден го истурив мојот чај па повторно ме удрија.

Тогаш повторно ми се јави болката во градите…И реков на мајка ми – не не и беше гајле. После некое време морав да одам во болница. Никој не дојде да ме посети. Докторот ми рече дека верјатно наредниот ден ќе дојдат мајка ми и татко ми, но не дојдоа. Чекав и чекав, но никој не доаѓаше. Но, сепак, ги сакав своите родители“.

После два дена, Иван умре од повреди. Докторите во раката му најдоа писмо.

„Драги мама и тато, вџашен сум бидејќи сум грд, одвратен и глуп. Жал ми е што не можете да ме сакате. Никогаш не сакав да ве заморувам. Се’ што сакав е прегратка од тебе и од мама и да слушнам дека ме сакате – барем еднаш…Тато, само сакав да си играш со мене, да ме држиш за рака додека шетаме, или пееш за мене. Знам дека сум срамота за тебе. Никогаш нема да бидам тоа што сакаш…“

Малечкото срце на Иван престанало да чука…

Приказната оригинално е напишана на руски. Иако не сме сигурни дали е вистинита, сепак е важна…

Сите деца заслужуваат да ги сакаат. Па сепак,секоја секунда, минута, час и секој ден се врши злоставување над децата…Во сите држави, градови, училишта… Домот во кој живее дете треба да биде ослободен од насилство и безбедно место…На децата им е потребна љубов, нега и блискост, а прегратка понекогаш може да значи многу повеќе отколку што можете да замислите…

Коментари

Популарно