Карлеуша па направи скандал во Гранд - не и се допадна победникот

Ѕвездите на Гранд го дочекаа своето финале, а за победникот се гласаше преку СМС пораки, како и преку евровизиски принцип од страна на жирито, а меѓу пејачите кои се јавија да дадат 8, 10 и 12 гласа беа и Тамара Тодевска и Елена Ристевска.

Победник е Џејла Рамовиќ која постојано добиваше високи поени, а чиј ментор е Марија Шерифовиќ, која се бореше за победата со Милица Чакариќ чиј ментор е Карлеуша.

Во свој стил, Јелена Карлеуша која дојде во провокативен фустан, направи мал скандал.

- Како Џејла може да има повеќе бодови од Милица Чакариќ? Имаше лобирање, пријателите на Марија вечерва гласаа за неа, и и даваа 12 бода, а тоа не е во ре, рече карлеуша во свој стил.

Саша Поповиќ и рече дека не е ни време ни место за такви разговори и дека не и личи како ментор и пејачка да го вели тоа.

Коментари

Популарно