Тамара, Калиопи и Елена Ристеска гласаа во „Ѕвездите на Гранд“

Вчера се одржа финалето на Ѕвездите на Гранд, а меѓу оние кои се бореа за победа беа и македонски претставници.

Од Македонија по евровизискиот начин на гласање, гласаа Елена Ристеска, Калиопи и Тамара.

Прва се вклучи Елена Ристеска која 8 поени му додели на Огнен Здравсковки, 10 за сега победничката Џејла Рамовиќ и највисоките 12 поени му ги додели на кумановецот Мартинијан Кириловски со што ги поддржа Македонците во Гранд.

Тамара Тодевска му даде 1 поен на скопјанецот Филип Пецовски, за Огнен додели 5, потоа 10 поени за Дарко Коцевски од Скопје и највисоките 12 поени на Тамара беа за Џејла.

Калиопи пак, 8 поени имаше за Огнен Здравсковки, Мартинијан од неа доби 5 поени, Дарко 3 и највисоките 12 поени од Калиопи отидоа за Џејла.

Коментари

Популарно