ФОТО: Сашко Коцев во тон стилизирани со сопругата

Актерот Сашко Коцев и неговата сопруга, докторката Смиљана Бундевска сношти беа гости на забавата по повод 40. роденден на брендот „Пепси“.

Едноставна и шик, Смиљана избра зелен фустан со миди должина и балетанки. Облеката, таа ја надополни со ефектен накит и црвена плик чанта. Коцев облече зелено палто, во тон со својата сопруга.

Сашко ја побара Смиљана за жена на оригинален начин, на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ во Универзалната сала во февруари во 2012 година. Се венчаа истата година во септември. Во октомври во 2017 година, Смиљана и Сашко ја добија ќерката Јоана. Актерот тогаш славеше до рано наутро со своите пријатели во еден скопски ресторан.

Пред некое време на едно интересно интервју одговори и на прашањето што би бил ако не бил актер, и воедно раскажа што го поврзало со неговата сопруга.

– Ау, ова не сум го размислувал од петто одделение, кога и одлучив дека ќе бидам глумец. Ќе морам да се присетам. Мислам дека ќе бев лекар. Омилено нешто ми беше делот од биологија кој се вика анатомија. Да, дефинитовно лекар. Веројатно затоа се заљубив во докторка – низ смеа истакна Коцев во едно интервју.

Коментари

Популарно