ВИДЕО: Како да заштедите струја на еркондишн?

Какво време дојде, повеќе струја да трошиме летно време отколку зимско. Климатизерите сркаат бесно затоа што претопол македонски воздух треба да оладат на поднослива скандинавска температура. Но. зошто воздухот да биде претопол? Ова се инсталира за 5 минути и обезбедува заштеда на електрична енергија од 20 до 40 проценти. Само што, не е баш џабе.

Малопродажната цена на Мистбокс е 399 долари, но во САД државата дава 30% попуст од програмите за заштеда на енергија. Чекаме некој наш талент на кој му фаќа црпката да го сконта и да ја понуди шклопоцијата за 50 евра. И да се наполни ко брод. 

Коментари

Популарно