ВИДЕО: Ријана се опи среде емисија

Ријана се однесувала целосно опуштено што ги воодушевило сите кои ја следеле таа емисија. Ријана (31) учествуваше во популарниот предизвик „Day Drinking“, со американскиот водител Сет Мејерс (45), а по неколку часа оваа поп ѕвезда толку многу се опуштила што видеото станало вирално.

Судејќи по коментарите Ријана “повторно покажала дека е сериозен цар“, а бројот на прегледи неконтролирано расте од минута во минута.

Многумина забележале дека кога Ријана се опуштила тогаш во нејзините зборови сè повеќе се чувствувал нагласокот од Барбадос, а едно нејзино признание ја шокираше Америка.

Се разботи за тоа што Ријана не изгледала ниту една епизода од серијата „Игра на тронови. „Не, никогаш. Ниту една епизода!“ - изјавила Ријана.

Коментари

Популарно