Дознајте кој ве избришал и блокирал на „Фејсбук“

Постои бесплатна апликација која, откако ќе ја инсталирате, ви покажува кој ве избришал и блокирал на „Фејсбук“. Еве како работи. 

Името на апликацијата е „Who unfriended me?“ и таа е достапна и за Андроид и за ајфон. 

Откако ќе ја инсталирате, треба да се најавите со помош на вашиот профил на „Фејсбук“ и од тој момент кога некој ќе ве избрише или блокира, апликацијата ќе ви јави. 

Оцената што апликацијата ја има на „Гугл плеј“ е 3,7, а ја презеле повеќе од милион лица. Иако во рецензиите некои корисници се жалат на функционирањето на апликацијата (најмногу на рекламите), таа сепак добро работи. Откако некој ќе ве избрише од „Фејсбук“, таа ќе го покаже тоа, исто како и кога некој ќе ве блокира или кога одново ќе станете пријатели со некого.

Коментари

Популарно