ВИДЕО: Нема отстапки за Гоце Делчев!

Бугарскиот новинар, Љубомир Огњанов, даде скандалозна изјава во својата емисија на бугарската телевизија Канал 3, за време на интервјуто со заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.

Во интервјуто со заменикот на Захариева, тој вели дека претпочита да ја нарекува Македонија – „Југозападна Бугарија“.

 -Не ме интересира како ќе звучи, јас претпочитам да ја наречам земјата „Југозападна Бугарија“, рече тој откако Георгиев му рече дека ќе бидепредмет на критика.

Во емисијата, тој го нарече и Заев „северномакедонскиот премиер“. 

Коментари

Популарно