Србинка оживеа жена која модра ја извадија од грчкото море

Лаборантот од Крагуевац, Весна Радовановиќ на островот Евија спаси една грчка баба од давење. Несреќната жена била извадена од морето, модра во лицето и речиси без знаци на живот.

- Видов во плиткото дека е извадена жена во години која беше модра во устата. Ги замолив луѓето што се обидуваа да и помогнат да се тргнат, а жената ја превртев на страна за да и се ослободат дишните патишта а истовремено и ја извадив и забната протезе. По стандардната процедура почнав да и го притискам горниот дел од стомакот, за да ја извадам водата која ја проголтала. Наеднаш жената почна повторно да диши, помодрените усни почнаа да ја менуваат бојата, што значеше дека нивотo на кислород во телото на жената се подига. Набргу стигна Брзата помош и бабата беше однесена во болница во стабилна состојба. Верувам дека ќе биде добро – изјавила Весна и додала:

Утре ми е роденден, а спасување на еден туѓ живот за мене е најголем подарок.

Коментари

Популарно