(ВИДЕО) Ѓоковиќ по триумфот на Вимблдон: Ја прифаќам поканата и доаѓам во Македонија

Прашан дали вечерва ќе се слави слично како по победата над Полјакот Хуркач, и може ли да се очекува повторно да запее некоја македонска песна и да ги поздрави неговите навивачи во Македонија, Ноле одговори:

“Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада.

Запрашан од известувачот на Макфакс дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:

“Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам” – порача вимблдонскиот шампион.

Коментари

Популарно