ВИДЕО: Нова бура во Грција - забележани повеќе од 3.500 громови

Повеќе од десетина луѓе се евакуирани во западна Грција.

Поплавите ги оштетиле патиштата недалеку од градот Нафпактос и Патре, но немало повредени ни исчезнати.

Забележани се повеќе од 32.500 громови, главно во северниот и централниот дел на Грција. Бројни куќи и продавници се поплавени, велат надлежните.

Силните бури не се вообичаени во Грција.

Да потсетиме, во силно невреме, кое на 11. јули го погоди полуостровот Халкдики загинаа 7 лица, додека повеќе од 100 се повредени

Коментари

Популарно